Растот на приходите на EUROUNICO LTD – Бугарија

Како платформа за увоз и извоз пред пред 6 месеци, поради ситуацијата со СОВИД19, Прајм Маркет Плус ја имаше привилегијата да стапи во контакт со г-дин Лачезар Динев, менаџер на компанијата – EUROUNICO LTD во Бугарија. Тој, покрај другото, е и претседател на Управниот одбор во бугарско-кинеската стопанска и индустриска комора во Република Бугарија. Се остварија низа состаноци со цел да се откријат можностите за одржливоста на платформата Прајм Маркет Плус и да се зголеми економскиот раст, извозот и увозот на лична заштитна опрема, бидејќи силните страни на оваа комора се трговијата, дистрибуцијата, царинењето и испораката на лична заштитна опрема (PPE) до земјите на европската унија што ги гарантира самата Комора.

Оваа студија на случај се однесува на растот на приходите кои се зголемија во последните 6 месеци со приспособена стратегија за продажба од тимот на Прајм Маркет Плус.

EUROUNICO LTD може да ги издвои следните најсилни страни (S):

• Одлична позиција на пазарот ✓;

• Одличен однос со Република Кина ✓;

• Сервиси поврзани со размена на добра и услуги ✓;

• Царинарење на лична заштитна опрема (PPE) и сл. ✓

Во исто време се соочуваа со слабости од кои најзначајни се:

• Недостаток на тим за продажба за целиот европски пазар X;

• Недостаток на продажна стратегија за целиот европски пазар X;

• Недостаток на тим задолжен за анализа на лична заштитна опрема (PPE) кои беа најбарани и најпотребни во моментот X;

• Недостаток на податоци и контакти на компании кои бараат лична заштитна опрема итн.

По анализата на силните страни на Прајм Маркет Плус кои се клучни за оваа студија на случај:

• Одлична позиција на пазарот ✓;

• Одлична врска со европскиот пазар благодарение на повеќејазичниот и мултидисциплинарниот тим за продажба ✓;

• Градење силни и долготрајни односи со клиентите итн.

Како и на слабите страни на Прајм Маркет Плус:

• Недостаток на доверлив партнер за лична заштитна опрема (PPE) X;

• Недостаток на висококвалитетни лична заштитна опрема кои компаниите за време на Covid19 ги ​​бараа на пазарот X;

• Недостаток на сигурни сервиси поврзани со размена на добра и услуги X,



преку конструктивни состаноци, континуирано усовршување на нашите услуги и со размена на искуства со знаење, EUROUNICO LTD & Прајм Маркет Плус со голем успех ги решаваа секојдневните предизвици.


Подолу се графиконите каде што се претставени некои од производите за лична заштита (PPE) коишто се продавале пред април 2020 година, (всушност периодот пред EUROUNICO LTD & Прајм Маркет Плус да започнат успешна соработка) и по април 2020 година, кога двајцата партнери решиле да ги здружат силите и активно да им помагаат на компаниите и институциите, со тоа што ги снабдуваа со царински услуги за производи за лична заштита (PPE), со висок квалитет и поволни цени, додека светот се соочуваше со профитери кои ја користеа ситуацијата за свои цели.

Графикон за трислојни хируршки заштитни маски

Графикон за инфрацрвени термометри

Графикон за оксиметри за пулс

EUROUNICO LTD наидувал на потешкотии при продажбата на производите за лична заштита (PPE) надвор од Бугарија. Не само што тимот на Прајм Маркет Плус ја зголеми продажбата за вкупно 10 пати од првичната продажба во април 2020 година, туку успеа да отвори и сосема нови пазари во Европа кои се претставени подолу:

Цитати за корисничко искуство:

Од каде да започнам? Да почнеме од почеток! Како менаџер на Eurounico Ltd – Бугарија и како претседател на Управниот одбор на Бугарско-кинеската трговска и индустриска комора заедно со моите соработници и колеги ја следев мисијата за поврзување на Кина со Бугарија и нашата комора е всушност мостот што го прави патот полесен пробивање, разбивање на некои од табу темите на кинеските производи и меѓусебно помагање во трговијата, увозот и извозот како и инвестициите. Работевме многу напорно на градење на односи со кинески компании, успеавме да започнеме успешен увоз на производите за лична заштита (PPE) кога се појави COVID19 и во еден момент сфативме дека ни треба подадена рака, некој кој ќе биде сигурен партнер и кој ќе ја разбере новата проблематика, некој кој ќе прифати нови предизвици и ќе биде подготвен понекогаш да работи под притисок за да задоволи повеќе клиенти, да ги задржи постоечките и секако да започне нови пазари ако е можно. Се сеќавам на тој ден на почетокот на април, кога ми се јави еден многу пријатен човек кој зборуваше бугарски. Звучеше како некој што веќе го познавав, но во моментот не можев да се сетам. Тој ми бараше производи за лична заштита (PPE). Тој беше менаџер на платформа за увоз и извоз. Нивното име е Прајм Маркет Плус. Одговорив дека ние сме најдобри добавувачи во моментов за висококвалитетна опрема за лична заштита, но во моментов е малку хаотично поради моменталната ситуација, поради секојдневниот притисок поради нелојалната конкуренција која создаваше проблеми и ја отешжнуваше нашата мисија во врска со реалните цени за висококвалитетни прозиводи. Затоа верував дека овој повик не е обичен повик од обичен човек. Тоа беше знак! Веднаш почнавме да зборуваме за можностите на кои можеме да работиме заедно и да се обидеме како PIVOT проект. Навистина не можам да се сетам колку часа разговаравме, смислувајќи нови стратегии за да дејствуваме брзо. Се запознав со неговиот тим, кој зборува многу европски јазици, кој има големо искуство во продажбата и најважното нешто – желен да го прифати предизвикот. Една од клучните работи е што на клиентите им дадовме идеја за тоа кои сме навистина, што сме постигнале во рок од 6 месеци благодарение на нашиот посветен тим достапен 24/7, кој има личен пристап со секој клиент кој е заинтересиран за нашите производи. што ја зголемува флексибилноста и довербата што ја имаат во нас.”

Prime Market Plus

Премиум пакет

до 5.000 евра + 3% од обемот на стоки во првите 5 години

Бесплатен пакет

Бесплатно приклучување кон нашата мрежа на проидзводители

Добредојдовте!

Регистрација на продавач

Закажи состанок