Gulf е основан во далечната 1901 година, но и по 118 години, сеуште сме иновативна и напредна компанија. Всушност, ние сме најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила, а во моментов работиме во повеќе од 100 земји ширум светот.
Од лубриканти до филтри, од производи за нега на автомобили до бензиски станици за горива на мало, Gulf нуди огромен спектар производи и услуги на територии низ целиот свет. Без оглед на бизнисот во кој работите, без оглед на Вашите барања за вашите возила, ние имаме можност тие ваши потреби да ги исполниме.