B2000 AG

37

Клиенти

79

Извезени парчиња

79

Продадени продукти

50000 €

Продажба

b2000 AG е препознатлив швајцарски бренд за ПР маркетинг стратегија.

Како и секоја компанија во светот што беше затекната од COVID19 и тимот на b2000 се соочи со големи предизвици поради масовното откажување на настани што всушност претставува и главниот фокус на оваа компанија. Со откажувањето на настаните, настана домино ефектот на отпуштање на дел од тимот, чиј факт бил најголемоиот двогател да се промени концептот на работа и да се изнајдат решенија кои ќе се вклопат во ново настанатат ситуација а сепак ќе успеат да го вратат едно ново нормално функционирање на b2000.

Во периодот на јули, почетокот на август 2019 година, управниот директор и проект менаџер, г. Никола Јаневски стапува во контакт со управниот директор на Прајм Маркет Плус, Г. Влатко Сулев и по низа онлајн состаноци и воочување на предизвиците на b2000, се изнаоѓаат низа креативни решенија за отварање простор за нови клиенти преку онлајн маил кампања со њузлетери што се покажа како многу ефикасен метод благодарение на долгогодишната пракса во доменто на испраќање квалитетни содржини низ цела Европа и пошироко.

По период од неколку месеци b2000 го добива и првото официјално барање од нов клиент за ITC услуга, односно видеа за реномирана швајцарска компанија – Dickerhof AG што нуди обука и понатамошно образование за професиите во здравството и личната нега.

Успешната соработка продолжи и во наредните месеци кога Прајм Маркет Плус доби нов проект од страна на b2000,  превод на веб страна на неколку светски јазици какои нејзина целосна реконструкција и подобрување – VMMS

Идејни решенија реализирани од Прајм Маркет Плус беа дел и на Централниот швајцарски саем на образование – Zebi 2021 година што по долго време стана жива платформа за запознавање на професионалниот свет на практичен начин. Повеќе од 22.000 луѓе дознаа за понудите за обука и понатамошно образование на лице место и широко ги користеа дигиталните канали на Zebi. Поради пандемијата на корона, минатогодишниот саем за образование мораше да биде откажан непосредно пред почетокот. Токму директниот контакт и размената на искуства и информации беа формите на презентација што очигледно недостасуваа одреден период и на овој саем добија највисока оценка од присутните. Околу 10.000 луѓе заинтересирани за образование дознаа за 600-те понуди од јазични училишта, универзитети, колеџи и институти. Многу родители ја искористија можноста да дознаат за различните стажирање заедно со нивните деца или да добијат нови информации за нивните кариери. Со свој штанд беше претставена и интересната група за високо стручно оспособување (IG HBB). За ова здружение, b2000 AG го организираше целокупното појавување на саемот, ги сподели видеата за презентацијата сработени од тимот на Прајм Маркет Плус и обезбеди поддршка на штандот. Фокусот беше да се покаже важноста и важноста на високото стручно образование. Тоа на едноставен и разбирлив начин се покажа во многубројните разговори базирани на илустрацијата на образовниот пат во Швајцарија. Дополнително, беа прикажани пет видеа кои од една страна ги обработуваат различните кариери на дипломираните студенти на високото стручно образование, но и ги истакнуваат предностите на оваа образовна патека. Видеото во кое се објаснува високото стручно образование доживеа голема популарност. На штандот вниманието го привлекоа и атрактивните понуди на членовите на IG HBB, кои дадоа значаен придонес за образовната различност преку нивните курсеви и доедукација.

Производи

Анимирани видеа
Графички дизајн

Зголемете ги шансите со директна извозна go-to маркетинг стрратегија.

Пресметај колкав извоз има твојата конкуренција

Индустрија:

* Пребарувањето на купувачи за вашиот продуцт од страна на Prime Market Plus е бесплатна. При склучување на договор Prime Market Plus наплаќа 3% од обемот на стоки во првите 5 години.

Добредојдовте!

Регистрација на продавач

Закажи состанок