Првата бензинска станица на ЛУКОИЛ во Македонија, која беше изградена на сопствена локација,во населбата Камник на влезот на Скопје, почна со работа на 1 септември 2006 година.
Истиот овој објект, една недела подоцна, свечено беше пуштен во употреба на денот на независноста на РМ — 8 Сепември.
Денес ЛУКОИЛ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди. Во 2015 годинаЛУКОИЛ го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас).
Во моментов под брендот на „ЛУКОИЛ„ работаат повеќе од 5 и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата присутна во Азија, Африка и Америка.