Визија стара речиси еден век! Винаријата “Кралица Марија” е остварен сон започнат со кралска фамилија. Во 1928 година Југословенскиот Крал Александар I Караѓорѓевиќ се посветил на мисијата да изгради место каде што ќе се создава вино со извореден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Еден век подоцна, оваа уникатна визија на Кралот ги обликува сите аспекти на нашата винарија, денес, и за генерациите кои доаѓаат!
Грациозно издигнувајќи се над природата, имотот е сместен во совршена хармонија со околината. Архитектонскиот профил на зградите изградени во минатиот век, идеално ги балансираат стариот кралски дизајн и модерната едноставност, природата и човечкиот допир. Текстурата и финесите на виното заедно со луксузните апартмани, винскиот бар, ресторанот, амфитеатарот, лускузната вила каде што спиела Кралицата Марија, раскошот на пауните и зелените опкружувања кои ја одликуваат светлината претставуваат целовековно создавана поезија која ги надминува генерациите.