Винарија Попова Кула Демир Капија

290

Клиенти

9000000

Извезени парчиња

18000000

Продадени продукти

15000000 €

Продажба

Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија  во близина на автопатот Е-75.

Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион.

Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.

Демиркапискиот регион располага со одлични климатски и почвени услови за одгледување на винова лоза.

Кралството на Кралот Александар Караѓорѓевиќ се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска  и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина.  Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство. Но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади, на истото место каде што денес е лоцирана нашата винарска визба.

Кога прв пат дојдовме на ова место ние знаевме дека ова е идеалната локација за нашите лозови насади и винарска визба. Преку сликите објавени на нашата интернет страница ќе се обидиме и вам да Ви го покажеме тоа. Меѓутоа Ве покануваме да не посетите и самите да ги доживеете убавините и магијата на регионот. Сигурни сме дека и Вие ќе ја поддржите нашата одлука за локацијата.

ГРОЗЈЕ И БЕРБА

   Ние произведуваме вино од 11 различни сорти грозје:
– Станушина
– Вранец
– Прокупец
– Кабернет Совињон
– Мерлот
– Совињон Бланк
– Темјаника
– Шардоне
– Жилавка
– Мускат Отонел
– Мускат Хамбург.

На нашите лозови насади одледуваме Станушина, Вранец и Кабернет Совињон, а останатите сорти грозје ги откупуваме од малите локални производители. Во регионот на Демир Капија има повеќе од 700 фамилии што имаат мали лозови насади. Ние избравме да соработуваме со неколку од нив, лоцирани на не повеќе од 10 км од винарската визба и кои произведуваат високо квалитетно грозје.  Во текот на годината сме во постојана соработка со избраните производители со цел да се осигураме дека грозјето ќе го има бараниот квалитет и здравје.Грозјето се бери рачно, во мали гајби и веднаш се носи во винарската визба.

Производи

Вранец Виктори
Каберне Совињон Аристократ
Вранец Аристократ

Зголемете ги шансите со директна извозна go-to маркетинг стрратегија.

Пресметај колкав извоз има твојата конкуренција

Индустрија:

* Пребарувањето на купувачи за вашиот продуцт од страна на Prime Market Plus е бесплатна. При склучување на договор Prime Market Plus наплаќа 3% од обемот на стоки во првите 5 години.

Добредојдовте!

Регистрација на продавач

Закажи состанок